Две тела се пронајдени во автомобил потопен во канал по тешка сообраќајна несреќа што се случа утрово околу 5 часот, кога автомобил излетал од пат кај Врбовски пат во близина на Белград, Срција. Како што пренесуваат српските медиуми, автомобилот „опел зафира“ од засега непознати причини излетал од патот, се превртел и завршил во каналот.
Во автомобилот се пронајдени две тела – се претпоставува дека станува збор за девојка на околу 22 години и момче старо околу 14 години.
Во тек се полицискиот увид и истрага, а багер го извлекувал автомобилот од каналот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.