Tелата летаа 20 метри, велат белграѓаните сведоци на тешката сообраќајна несреќа во која утрово загинаа две млади лица

Балкан 02.10.2021 / 10:26

Тешка сообраќајна несреќа утринава се случила во белградската населба Коњарник, а во која животот го загубија две млади лица.

Српските медиуми неофицијално јавуваат дека, во несреќата која се случила пред 7 часот утринава, починале 28 годишно момче и 31 годишна девојка.

Починатите биле сопатници во автомобилот, а според сведоци, тие излетале од автомобилот, по што починале на лице место. Возач, кој е на нивна возраст, е пренесен во Ургентен центар.

Неофицијално до несреќата дошло најверојатно поради возење со голема брзина, по што автомобилот „голф“ удрил прво во бандера, па во бетонски столб.

Се слушна силен тресок, а нивните тела лежеа на 20 метри од автомобилот, споделува очевидец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.