Српската полиција го расветли убиството на Ружица Ковач (78) од Пожаревац, која беше прегазена додека се возеше на својот велосиед. Снимките од надзорните камери покажале дека таа била намерно удрена.
За убиството на жената уапсени се Саша С. (47) и неговиот син Даниел (21), кои го нарачале убиството, како и Александар Ѓ. (22), кому му ветиле 400 евра и користен автомобил како надомест за убиството.
Несреќата се случила пред пет дена кога Александар со десната страна на „застава 101“, удрил во велосипедот со кој Ружица се возела кон својот дом, а потоа побегнал.
Истрагата покажала дека Саша С. и неговиот син со мобилен телефон му сигнализирале на Александар дека старицата е на патот, по што тој тргнал по неа. По убиството избегал во Михајловац, а по него дошле Даниел и неговиот татко. Заедно купиле бензин и ја запалиле „заставата“, а потоа сите се вратиле во Пожаревац.
Судија на Вишиот суд во Пожаревац му одреди едномесечен притвор на убиецот, кој се товари за тешко убиство, а притвор од 30 дена добиле и нарачателите кои ќе одговараат за поттикнување и помагање. Тројцата се соочуваат со казна од 10 до 40 години затвор.
Ќе биде извршено и психијатриско стручно испитување на Александар Ѓ., за кого се претпоставува дека е лице со посебни потреби.
Таткото и синот го нарачале убиството затоа што бабата сакала да ги истера од нејзината куќа, за која тврдат дека ѝ платиле 10.000 евра, но таа да може да остане во неа цел живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.