Татко и син се извадени од под урнатините во Петриња, по разорниот земјотрес од 6.3 степени според Рихтер кој денеска напладне ја погоди Хрватска. Тие се меѓу првите кои се спасени од страна на противпожарната бригада и медицинските екипи.

Од снимката може да се види како таткото го држел својот син во раце, за да го заштити од објектот кој се разурнал врз нив. Спасителската акција и натаму трае, а веќе има загинати. Меѓу нив и едно дете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.