Емануел Макрон не им дал рок на Бугарија и Македонија да постигнат договор за почеток на преговори за членство на нашиот југозападен сосед во ЕУ – Скопје шири лажни вести.

Ова за Бугарија ON AIR го изјави експертот од „Институтот за популациски и хуманитарни студии“ при Бугарската академија на науките, доц.Спас Ташев.

Баравме официјален извор на оваа информација и не најдовме такви зборови на францускиот претседател. Скопје е фабрика за лажни вести. Нема документ од Макрон до француските амбасадори во ЕУ дека до 14 декември ќе почнат преговорите за евроинтеграциите на Скопје, вели Tашев.

Тој е дециден дека Македонија не сака бугарската економија да влезе на нивниот пазар и за тоа дава пример со галиите во коритото на Вардар од кои една беше на бугарски инвеститор.

Градоначалникот на Скопје кој ги загуби изборите си постави за цел да ги уништи и го стори тоа. Бугарија не реагираше соодветно да ја заштити оваа инвестиција, вели доцентот Ташев како што пренесува News.bg.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.