Околу 300 килограми кокаин биле пронајдени во Студентски град во Софија, а според првичните информации, станува збор за „депо“ за дистрибуција на дрога, а кокаинот најверојатно бил наменет за дистрибуција надвор од Бугарија, јави БГНЕС.

Бугарската полиција вчера соопшти дека на 24 мај привела 31-годишен маж во Студентски град откако во неговиот автомобил открила околу 40 килограми кокаин. По приведувањето бил извршен и претрес во неговиот дом, при што се откриени повеќе од 250 килограми кокаин.

Вредноста на 40 килограми кокаин на наркопазарот може да достигне до 10 милиони лева (околу пет милиони евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.