Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по повод навредливите изјави на министрите во владата на Србија, Ивица Дачиќ и Александар Вулин, за албанските жртви од неодамнешната војна, оцени дека Србија сè уште не ја сменила својата фашистичка политика.
Тачи на Твитер напиша дека изјавите на Дачиќ и Вулин за цивилните жртви убиени од режимот на Милошевиќ се активности што ги поткопуваат напорите за дијалог и помирување.
Навредливите изјави на Дачиќ и Вулин за цивилните жртви на војната, кои беа убиени од режимот на Милошевиќ, се доказ дека Србија сè уште не ја сменила својата фашистичка политика. Таквите активности го нарушуваат дијалогот и ги поткопуваат нашите заеднички напори за помирувањ, напиша Тачи на Твитер.
Претседателот на косовскиот парламент, Вјоса Османи и Владата на Косово претходно реагираа на овие изјави.
Османи рече дека Владата на Косово не треба да преговара со луѓе како Ивица Дачиќ, кои, како што изјави, „со извршување на злосторства и закани, прават двојно злосторство“.
Таа на прес-конференцијата по седницата на Претседателството на косовскиот парламент рече дека дијалогот меѓу Косово и Србија, наместо да служи за нормализирање на односите меѓу двете земји, служи за „нормализирање на српските политичари кои беа дел од режимот на Слободан Милошевиќ“.
Со некој како Дачиќ кој во моментот отворено се заканува и крие криминал, со што стори двојно злосторство – Владата на Косово апсолутно не треба да преговара, рече Османи.
Косовската влада рече дека е „длабоко разочарана“ од изјавите на високи српски официјални лица кои „отворено продолжуваат да покажуваат длабок недостаток на почит кон жртвите од неодамнешната војна на Косово“ и нивните семејства кои „очајно трагаа по роднини киднапирани од српските сили со децении“.
Во соопштението се проценува дека „ваквите скандалозни изјави, покрај сериозно навредување на сите жртви на српските злосторства, му докажуваат на светот дека официјален Белград намерно и свесно прикривал траги на злосторства во текот на сите овие години, криејќи места на масовни гробници каде завршија стотици илјади невини цивили“.
Косовската влада се спротивставува на овој политички менталитет и очекуваме меѓународната заедница да го стори истото, особено Европската унија и Соединетите држави, како неопходни фактори за градење мир и евроатлантска перспектива на Западен Балкан, се вели во соопштението.
Владата на Косово соопшти дека е „решена да работи за мирна иднина на регионот“ и „ќе продолжи да работи силно со западните сојузници за што побрзо интегрирање во големото семејство на цивилизирани и демократски евро-атлантски земји, ослободени од омраза кон другите националности“.
Дачиќ неодамна на телевизијата „Хепи“ изјави дека некои Срби „им кажуваат“ на Албанците и Хрватите“ разни глупости, им покажуваат каде се „закопани Албанците низ цела Србија“, како и дека некои луѓе „од Обвинителството за воени злосторства соработуваат со Албанците“.
Критикувајќи ги изјавите на албанскиот премиер Еди Рама, Вулин во неколку изјави ги нарече косовските Албанци „Шиптари“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.