Претседателот на Косово Хашим Тачи побара денеска правда за сите масакри што се случија во војната од 1998-99 година и порача дека, „порано или подоцна, Србија ќе одговара за геноцидот и етничкото чистење што го изврши во Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.
На чествувањето на жртвите од масакрот врз 45 цивили Албанци во селото Рачак, што се случи на денешен ден 1999 година, Тачи побара од меѓународната заедница „да не молчи за злосторствата против човештвото“.
– Нивниот избор да молчат ѝ даваат простор на Србија да го негира геноцидот, иако никој на светот не може да ги негира тие злосторства против човештвото, изјави Тачи.
Претседателот на Албанија, Илир Мета, кој го посети меморијалниот центар во Рачак заедно со Тачи, порача дека секое негирање на масакрот од пред 20 години претставува „опасност од рециклирање на злосторствата во регионот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.