Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека внатрешните превирања во ЕУ ја „замаглиле визијата на Унијата“. ЕУ, според него, не успеала да го надмине протекционистичкиот инстинкт и занемарувањето на регионот на западниот Балкан, особено Косово.
Тачи поради, како што кажа, „разочарувачките заклучоци“ на Советот за општи работи на Европската Унија оцени дека Косово не е виновно за внатрешните проблеми на ЕУ и дека не претставува каков било ризик за Унијата.
Според тоа, не можеме да се квалификуваме како виновници за намалување на улогата на ЕУ во регионот и на Косово поради нејзините тековни неуспеси. Додека соседните земји, како Албанија и Македонија, добија суштински вести на патот кон членството во ЕУ, ние чекавме нешто минимално и тукушто добивме позитивна рефлексија во врска со неправедната изолација на народот на Косово, напиша Тачи на Фејсбук.
Тој оцени дека ЕУ го третира Косово „поинаку“ во однос на „другите земји“ и додаде дека „таа неправда не минува незабележано“.
Меѓутоа, непостоењето конструктивна посветеност на нашите државни институции за координација на стратегиските акции во интерес на земјата не минува незабележано. Ги повикувам институционалните и лидерите на парламентарните политички партии да размислат за тешката ситуација со која се соочува нашата земја во остварувањето на можноста за членство во ЕУ и НАТО. Изолацијата и стагнацијата мора да престанат. Граѓаните на Република Косово заслужуваат развој и интеграција во евроатлантските структури, напиша Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.