Претседателот на Косово, Хашим Тачи на денешната церемонија по повод смената на командата на воената мисија КФОР, изјави дека заедничките упсеси на косовските безбедносни сили со НАТО го прават присуството на таа меѓународна мисија во земјата да биде се помалку потребна, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тачи во своето обраќање на церемонијата во косовскиот главен град одаде признание на КФОР како „доверлива мисија за зачувување на мирот во Косово“ и нагласи дека благодарение на досегашната соработка со меѓународните сили беше формирана Војската на Косово.
Косовскиот претседател порача дека Косово останува посветено на постигнувањето траен мир во регионот и изрази надеж дека неговата земја наскоро ќе биде дел од Северноатлантската алијанса.
– Среќен сум кога гледам дека од нашата сорабтока се роди Војската на Косово, Бедзбедносните сили на Косово (ФСК) како професионална и мултиетничка сила во служба на сите граѓани на Косово. Развојот на Војската на Косово, на ФСК значи дека еден ден во блиска иднина ќе се реализираат нашите праведни стремежи не само НАТО да биде во Косово, туку Косово да биде во НАТО, за со својата работа да придонесе за мирот. Косово е денес мултиетничко општество, посветено на постигнување мир во корист на граѓаните со сите земји во регионот и целиот европски континент, изјави Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.