Доколку ЕУ продолжи со изолацијата на Косово, ќе биде разгледана можноста за институционални активности или референдум за обединување со Албанија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тоа можеме да го направиме преку собраниски резолуции или преку референдуми на Косово и во Албанија, но вклучувајќи ги Прешево, Медвеѓа и Бујановац – кажа Тачи за телевизијата Дукаѓини.

Ако ЕУ не сака да прифати две албански држави со две знамиња, нека прифатат само едно знаме – кажа Тачи.

Тој кажа дека идејата за исправање на историската неправда за обединување на Прешево, Бујановац и Медвеѓа со Косово никогаш не била поблиску од сега.

Како што кажа, однесувањето на ЕУ кон Косово покажува дека дошло времето сериозно да се разгледа преземање институционални чекори за национално обединување.

Изолација за Приштина е колебањето на Брисел да одобри визна либерализација за граѓаните на Косово и Метохија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.