Приштина е подготвена да ги продолжи разговорите со Белград за сеопфатен договор, со посредство на САД и ЕУ, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи.
Од мировниот форум во Тирана, Тачи порача дека дијалогот нема алтернатива и „го забрзува процесот на евро-атлантска интеграција“.
Тој додаде дека конфликтот заврши пред 20 години и рече дека договорот Белград-Приштина ќе „отстрани еднаш засекогаш нова трагедија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.