Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека вчера немал таен состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Сум се состанувал со Вучиќ на различни средби на лидери и на церемонии подалеку од камерите, во ходниците и салите во Париз, Ватикан, Виена, Њујорк каде разговаравме отворено за различни случувања во регионот и во Западен Балкан”, рече Тачи во интервју за Радио-телевизија Албанија.
,,Преговорите беа отворени, транспарентни и никако ни по која цена не беа тајни”, наведе Тачи. Тој рече дека веројатно 2019. ќе биде година на историски, мирен, конечен договор меѓу Косово и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.