Косовскиот претседател, Хашим Тачи во обраќање до пратениците и граѓаните изјави дека Косово ја добило војната со Србија, а сега на ред е да се постигне мирот.
Со Србија имаме еден век непријателство. Ја добивме војната по голема цена. Сега е време да го добиеме и мирот со Србија, за нас и идните генерации кои доаѓаат. Затоа го поздравувам отворањето на преговарачката група од страна на косовското собрание и почетокот на работењето на договорот со Србија – рече Тачи на седницата која ја бојкотираа пратениците од Демократскиот сојуз на Косово, партијата Самоопределување и Социјалдемократската партија.
Според неговите зборови овој договор треба да биде конечен, сеопфатен и постигнат во мировен процес со посредништво на ЕУ и со целосна поддршка од САД.
Според Тачи, договорот ќе донесе признавање од страна на Србија и члненство на Косово во Обединетите Нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.