Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа изјави дека дијалогот со српскиот претседател Александар Вучиќ е неизбежен, бидејќи него го избра српскиот народ.

Како што пренесува Косово онлајн, Тачи во емисијата „ А Шоу“ на приштинската телевизија „Т7“, говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, проговори и за односите со Вучиќ и истакна дека дијалогот со него е неизбежен.

Него го избра српскиот народ, порача Тачи.

Тој, меѓутоа, оцени дека Србија се однесува непријателски кон Косово, но и додаде дека е потребно повеќе да се гледа во иднината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.