Фотографијата од пациентка која се пресоблекува во привремената ковид болница Арена не е од сигруносните камери, туку направена е со телефон, вели директорот на Арена, Горан Грбовиќ и додава дека војската и МУП започнале истрага кој ја фотографирал жената и како фотографијата стигнала на социјалните мрежи.

Ние имаме сигурносни камери и внатре и надвор во објектот, ама практично е невозможно да се направи фотографија од сигурносните камери. Ова е направено со телефон. Тоа е единственото нешто што го знам во моментов – навел тој.

Грбовиќ е сигурен дека тоа не го направил никој од здравствените работници и луѓето од војската, бидејќи како што вели под скафандер е тешко и да се дише, па никому не би му паднало на памет да се занимава со такви работи.

Тешко ми паѓа сето ова. Таа жена е нечија мајка, сестра. Сето тоа брзо ќе се открие низ истрага. Почнаа истражаата постапка и сигурно ќе дојдеме до виновникот – заклучил тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.