Тоа утро, 11 октомври 2016 година околу 6 часот, 21-годишна девојка возела кон фризерскиот салон за да се подготви за на свадба. По патот со нејзиното возило го прегазува семејството Приспиловиќ.

Таткото Жељко, со двегодишната Ема и 6-годишниот Михаел се упатувале кон автобуската постојка. Требало да го продолжат здравственото осигурување за мајката, која во тоа време лежела во болницата во Загреб поради рак. Малата Ема почина на лице место, а Жељко падан во кома. Единствено Михаел, по некое чудо, остана неповреден.

Веста за оваа трагична несреќа кај Копривница, одекна не само во Хрватска туку и на Балканот. Денеска, тв-магазинот „Проверено“ на „Нова“, го посети Михаел.

Тој  денеска е оди во второ одделение во селото на неговите баба и дедо, кои по несреќата се грижат за него.

Неговиот татко помина 25 дена во индуцирана кома. Поради неговите тешки повреди, на телото и на главата, докторите не му откриваа на Жељко дека неговата ќерка е почината. Поминаа седум месеци пред тој да ја дознае вистината.

Бидејќи веќе не е способен да се грижи за себе, тој е сместен во дом за стари и немоќни лица.

Како целата трагедија да не била доволна, пред пет месеци и Санела, мајката на Михаел, ја загуби битката со ракот.

Девојката која ја предизвика оваа несреќа, беше осудена на една година затвор, казна која подоцна беше заменета со општествено-корисна работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.