Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Црна Гора, Мина Брајовиќ, предупреди дека училиштата во земјата треба да се отворат дури кога епидемијата на корона вирусот ќе биде под контрола.
Отворањето училишта ќе биде предизвик. Тоа е одлука што мора да ја донесат националните власти. Треба да се земат предвид голем број различни фактори и да се изврши проценка на ризик. Се препорачува да се земат предвид епидемиолошката состојба и оперативните и капацитетите на системот – нагласува Брајовиќ.
Таа напоменува дека институциите треба да го имаат предвид пренесувањето на вирусот кај детската популација и дека пренесувањето на инфекцијата во училиштата треба да се гледа од поширока перспектива.
Децата мора да имаат соодветни услови. Да ги мијат рацете редовно со сапун и вода и знаеме дека има случаи во училиштата каде санитарните јазли не се во ред – рече Брајовиќ.
Таа истакна дека блокирањето и затворањето на општеството поради вирусот не е опција, ниту избор, но дека мора да се научи да се живее со вирусот и со мерките за негово ширење.
Црногорското Министерство за образование пред два дена објави дека се уште не се знае дали учениците ќе се вратат на училиште од септември. Од министерството најавија дека се прават подготовки за редовна настава, но има подготовки и за „План Б“, односно за спроведување часови преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.