Во Параќин, град и општина во централна Србија, денеска осамна огромен билборд со ликот на Доналд Трамп, јавуваат тамошните медиуми.

Билбордот наводно е поставен во знак на поддршка за републиканскиот кандидат Трамп на престојните претседателски избори во САД.

На билбордот стои и порака, „Свири го тоа повторно, Сем“, од култниот филм Казабланка.

Според неофицијални информации, на билбордот стои дека е поставил од извесен Алтернативен парламент на граѓани, а жителите на ова место сега ги повикуваат сите Срби со право на глас во САД да го поддржат Трамп.

Кон крајот на септември, Србите на северниот дел на Косово и Метохија, на браната на езерото Газивода и на Брњачки мост, поставија голем транспарент со кои испратија порака со благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.