Во последното деноноќие во Албанија од Ковид-19 починале седум лица што е највисока бројка до сега. Меѓу починатите е и педесетгодишна акушерка од Елбасан и 71-годишниот свештеник Тоди Јовани од Поградец.
Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 284 новозаразени од 1.278 тестирани што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени впишани се 103 лица, додека во двете ковид болници хоспитализирани се 285 пациенти.
Од почетокот на пандемијата до сега во Албанија се направени 119.607 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 19.729, оздравеле 10.808, починале 487 а активни на болеста се 8.434 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.