Сведок на злосторството што синоќа се случи кај Глоѓан во Косово, кој бил во автобусот во моментот на нападот во кој загинаа три лица, за Газета експрес вели дека сè се случило за неколку минути и дека глетката била ужасна.
„Пред автобусот излезе маскирано лице и почна да пука во нас. Сè се случи многу брзо“, вели во изјавата за косовскиот медиум ученикот кој седел на првото седиште во автобусот.
Официјалната веб-страница на Средното економско училиште „Кадри Кусари“ во Ѓаковица објави дека Љ.Х., ученик од ова училиште, е еден од убиените при нападот на автобусот во Глоѓан, јавува Клан Косова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.