Медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб сведочи за борбата на детето кое деновиве почина од мултиинфламаторен пост-ковид синдром. Станува збор за ретка компликација која е забележана кај мал број деца заразени со корона вирусот.
Медицинската сестра Даниела Краљевиќ вели дека цела ноќ од својата болничка соба го слушала оживувањето на детето и објави потресно сведоштво.
Во приземјето, под мојата болничка соба, животот го загуби најмалиот член на семејството на ковид позитивни пациенти. Целото негово семејство беше пред одделот, стравуваше, чекаше, веројатно им јавиле дека е лошо, за да се подготват за најлошото. Сите дојдоа, плачеа, навиваа, го изговараа неговото име, викаа: „Ајде М.. не се давај, ајде М.. бори се“. И се бореше, навистина се бореше. Звукот на алармот на респираторот се слушаше долго, реанимацијата сигурно траеше еден час, се слушна како некој вика адреналин! Мислев дека станува збор за возрасно лице, никако не дека е дете, тоа последно ми беше на памет.
Секој кој барем еднаш во животот, барем на неколку минути реанимирал знае што значи еден час да реанимираш. Персоналот даде сѐ од себе. М.. се бореше до последно! Не се даваше. Сето тоа траеше до 1 часот по полноќ. Пота се слушна плачење, ја доведоа мајката и персоналот ислезе надвор, сите беа потресени, секој на своја страна со својата болка и размислување. За раце ја донесоа мајката, слушнав како зборуваат дека ќе ја облечат во заштитно одело за да се поздрави со синот.
Дали занете што значи за една мајка последен пат да се поздрави со своето дете? Дали знаете што значи за еден човек кога ќе му дозволат да се поздрави последен пат со саканото лице? А не би смееле, не би требало, не е според протоколите. Тешкое, претешко е за сите, а особено за мајката која во еден момент го изгубила своето најмило, својата крв, својата љубов, својте 11 години растење кое во момент е прекинато, во миг се исчезнало.
Сакам да му кажам на семејството, ако ова го чита, дека ми бевте во мислите, ми беше незгодно да стојам крај прозорецот и да ја гледам вашата тага и болка, но бодрев заедно со вас. Мислам дека целата болница бодреше. Викав во себе: „Ајде М.. не се давај! Само да знаев дека е дете, ќе излезев на балкон и ќе викав со вас. Навистина ми е жал
Примете го моето најдлабоко сочувство и држете се , колку што можете. М.. е сега на убаво место и сите ве чува. Ви испраќам голема прегратка вам и на целиот медицински персонал – напиша медицинската сестра на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.