Сопственикот на козметички салон и менувачница, Драган П. (55) синоќа е убиен во Земун во неговиот дуќан. Засега непознат напаѓач, го ликвидирал со неколку куршуми. Брзата помош констатирала смрт на лице место.

Дуќаните на Драган се наоѓаат еден до друг, а ги поврзува само една врата. Убиецот го начекал откако Драган ја затворил менувачницата, а го затворал козметичкиот салон. Му пукал неколку пати во грб.

Иако полицијата брзо го блокирала целиот реон, напаѓачот засега е во бегство. Извршен е увид, а утрово се прегледуваат снимките од сигурносните камери на околните згради.

Се испитуваат и мотивите за убиството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.