Ѓорѓе Зафировиќ Зафир убиен е денеска во Футог, кога непознати напаѓачи испукале повеќе куршуми во него додека седел во автомобил, пишуваат српските медиуми.

Според првичните информации, Ѓорѓе тргнал да се паркира, кога на него испукале рафал. Починал на лице место, каде се пронајдени 4-5 чаури.

Околу 18 часот во шумата на Камењаре во Нови Сад, пронајден е запален автомобил со непозната марка, за која се претпоставува дека припаѓа на убијците, кои на овој начин ги уништиле трагите.

Зафир бил близок на српското подземје, а бил познат и на полицијата по бројните криминални дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.