Девојката на Милош Милеусниќ, студентот кој беше убиен сред бел ден во Белград, Србија, веќе еднаш поминала низ ваква трагедија. Првото момче на младата Катерина пред две години било убиено во тепачка во Чачак.
Таа смртта тогаш ја поднела доста тешко, па сега пријателите се загрижени за нејзиното здравје.
Сите сме потресени. Се трудиме во овие страшни моменти да бидеме тука за семејството на Милош, но се трудиме да бидеме поддршка и за девојката на Милош, Каќа, која е во многу лоша психичка состојба, изјавил другар на убиениот Милош за спрските медиуми.
Катерина, која од Чачак се преселила на студии во Белград, конечно почнала да се опоравува по првата трагедија.
Го запозна Милан и почнаа да излегуваат заедно. Тој ѝ беше голема поддршка и се гледаше дека таа е доста добро. Сите сме загрижени и се плашиме за нејзиното здравје, потполно е надвор од себе, рекол другарот за српски „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.