Грција ја зафати студен бран со температури под нулата, а снег паѓа дури и во јужните делови од земјата и главниот град, Атина.

Националните споменици и археолошките локации во Атина се прекриени со помала снежна покривка, а училиштата ширум Атика се затворени, јавија агенциите.

Истовремено, полицијата презеде мерки и го забрани сообраќајот на голем број регионални патишта за да се избегнат непожелни ситуации.

Снегот истотака создаде прекин во железничкиот и автобускиот сообраќај во некои делови од земјата.

Во северниот дел на Грција, температурите утрово паднаа на минус 20 степени, пренесе „Ројтерс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.