Директорот на АССМ, Мирко Бутулија кој денеска беше убиен во просториите на своето претпријатие, пред две години му го спасил животот на својот убиец, секретарот Предраг Ѓурѓевиќ.
Како што наведува очевидец на инцидентот кој се случил пред две години, Ѓурѓевиќ, после работен ручек упаднал во вода и почнал да се дави, а Бутулија, не оклевајќи ни момент, скокнал во реката и го извлекол на брегот.
Бевме на работен ручек на сплав. Ѓурѓевиќ застана на некоја даска која пукна, се лизна и падна во реката. Не знаеше да плива, па почна да се дави. Бутулија без размислување скокна онака облечен и го спаси – навел бизнисмен кој инсистрирал на анонимност.
Бутулија спасувајќи го човекок кој ќе го убие две години подоцна, од водата ја извлекол и неговата торба во која се наоѓале дури три пиштоли, објаснил сведокот на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.