Силен ветер ги корнеше дрвата на продрачјето на Шибеник, а обилните дождови ги поплавија улиците на Имотско и Сплит, што предизвика сообраќаен колапс.
Подрачјето на Шибенско-книнската жупанија денеска беше погодено од силно невреме, ветрот корнеше стебла и ги превртуваше на улиците, јавија хрватските медиуми.
Силниот дожд денеска го поплави Сплит и создаде сообраќаен хаос. Во центарот на градот сообраќајот е колабиран, колони има на влезовите за во град, како и на влезот и излезот од пристаништето за траекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.