Обилните врнежи од дожд во Црна Гора предизвикаа проблеми кај населението ширум земјата, реките се излеваат, куќите се поплавени, отежнат е сообраќајот, а спасувачите се на терен и имаат голем број интервенции.

Поради лошата метеоролошка ситуација во Никшиќ повторно е затворен сообраќајкот преку Мокра гора, а најкритично е во Горно поље, пренесуваат локалните медиуми.

Во Колашин се поплавени и двата моста кај старата циглана во селото Бистрица, а во околината на градот се излеала реката Пласница и поради тоа дошло до уништување на 80 проценти од насипот.

И реката Пчиња се излеала во местото Лугови, а имотите во тој дел од Колашин се поплавени.

Невремето донесе проблеми и во Херцег Нови. Автобусите и градскиот сообраќај не можат да минуваат по магистралата, во Котор еден крузер се откажал од влегување во заливот, а друг маневрира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.