Во рок од 24 часа на грчкиот остров Родос на три одвоени плажи се пронајдени тројца мртви мажи.

Првото тело е пронајдено на плажа меѓу Афанту и Колубија во саботата, додека вчера е откриено второто тело на плажа во областа Глистра Афанту, а третото во Фалиракија.

Пристанишните власти покренаа истрага, а телата се упатени на судска медицина. Се претпоставува дека се работи за мигранти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.