Четири лица загинаа, а неколку се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Хрватска, кога се превртел камион со српски регистарски ознаки.

Според хрватските медиуми, сите загинати во несреќата што се случи кај Окучани се мигранти.

Полицијата соопшти дека добиле информации за несреќата на автопатот А3, од северната страна кај Окучани, во 3 часот и 12 минути.

Полициските службеници веднаш биле испратени на местото на настанот, каде утврдиле дека се превртел камион со српски регистарски ознаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.