Прашан да ја коментира изјавата на американскиот специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар, дека во НАТО постои вистински страв кога станува збор за споделување информации со новата црногорска Влада, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, порача дека го цени придонесот на Црна Гора, но дека Алијансата ги чува информациите на сигурен начин, порача.
Столтенберг објасни дека неговата смиреност се базира на тоа што НАТО има строги протоколи за да обезбеди доверливост на информациите.
Црна Гора не стана членка на Алијансата толку одамна. Таа е многу ценет сојузник и го цениме придонесот што го дава кога станува збор за нашата колективна безбедност. Го поздравувам и присуството на министерот за одбрана на денешната средба на министрите за одбрана – изјави Столтенберг.
На прес-конференцијата одржана по состанокот на министрите за одбрана во Брисел, Столтенберг порача дека НАТО има строги механизми за чување податоци, но дека не може подетално да зборува за нив.
НАТО има строги протоколи кога станува збор за споделување податоци. Не можам да зборувам за нив во детали, но во НАТО споделуваме информации на безбеден и сигурен начин – истакна Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.