Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.
Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува траснформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто.
Поради оваа одлука НАТО ќе го „преразгледа“ степенот на „ангажман“ со косовските безбедносни служби.
Двете страни мораат да се осигураат дека денешната одлука нема дополнително да ги зголеми тензиите во регионот. Сите одговорни политички актери во регионот треба да се фокусираат на реформски прогрес и на дијалог, стои во соопштението.
НАТО уште еднаш ги повика Белград и Приштина да останат „смирени“ и да избегнуваат изјави и акти кои „водат до ескалација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.