САД изразија загриженост поради руското мешање во Србија и изрази поддршка за Белград во истрагата за шпионската афера во која се вклучени рускиот разузнавач Георгиј Клебан и потполковникот З.К. пензиониран припадник на Војската на Србија.

Загрижени сме поради извештаите за непримерно руско мешање во Србија. САД ги поддржуваат напорите на Србија да го истражи овој инцидент и ја поттикнуваме Владата, одговорните за овие незаконски активности да ги повика на одговорност во согласност со владеењето на законот – се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Русија се обидува да ја дестабилизира Европа со воен притисок, злонамерни кибер активности и малигно влијание во многу земји кои се сојузници, партнери и пријатели на Америка.

Со руската Влада бевме јасни на највисоки нивоа: Морате да ги прекинете своите дестабилизирачки активности ширум светот – се посочува во соопштението на Стејт департментот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.