Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ пртедупреди дека доколку Македонија не го испорача поранешниот припадник на ОВК, Тимор Морина, ќе го прекрши меѓународното право.

Стефановиќ бил загрижен што „претставниците на приштинските власти тврдат дека тоа нема да се случи“ што, како што кажа „упатува дека се во дослух со органите во Македонија“.

Тој вели дека не може да замисли дека тоа може да се случи.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, рече дека тие ќе го почитуваат меѓународното право, што значи екстрадиција на српските органи. Ако тоа не се случи, ќе видиме што ќе правиме натаму, не сакам да прејудицирам, изјави Стефановиќ.

Морина беше уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, по распишана потерница од Интерпол, а Србија ќе бара негова екстрадиција како осомничен за воени злосторства на Косово во 1999 година.

Министерката за правда Ренеата Дескоска вчера изјави дека во Македонија се уште не е пристигнато барање за екстрадиција на Косовецот.

Порталот Судство.мк ден претходно објави дека Морина ќе биде пуштен на слобода. И

стото претходно го тврдеше и советникот на косовскиот минситер за внатрешни работи Пацоли, Јелтир Зиберај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.