Обелодените се строгите мерки кои со денови се најавуваа во Хрватска, за заштита од коронавирусот. Тие стапуваат на сила во понеделник, а се предложени од Стожер, Кризниот штаб на Хрватска, јавува Индекс.хр.
Ова следува откако во Хрватска вчера имаше најголем број досега на новозаразени, односно 140 новозаболени лица, и еден починат од коронавирусот.
Има нови правила за сите собири со повеќе од 100 учесници, како и задолжителното носење маски во продавниците. Маските исто така ќе треба да ги носи персоналот во кафулиња и ресторани.
Веќе вчера беа воведени построги мерки на границата, што за сите граѓани на земји кои не се членки на ЕУ значи задолжителен негативен тест за коронавирус не постар од два дена или задолжителна двонеделна самоизолација.
Според решението за неопходните мерки за организирање на собири на кои учествуваат повеќе од 100 учесници, од организаторите на собирите кои очекуваат пристигнување на повеќе од 100 учесници се бара да достават известување до територијалната служба за цивилна заштита, најдоцна во рок од 48 часа пред почетокот на собирот, а ќе мора да ги содржи целта, местото, денот и времето на состанокот и информации за лицето за контакт и очекуваниот број на учесници.
Исто така, од организаторите на собирот, на кој учествуваат повеќе од 100 учесници, се бара да водат писмена евиденција на учесниците во согласност со упатствата и препораките на Хрватскиот институт за јавно здравје. Организаторот е должен да ги чува овие записи најмалку 14 дена.
За време на собирот, од сите учесници се бара да се придржуваат кон општите анти-епидемиски мерки и посебните препораки и упатства на Хрватскиот институт за јавно здравје.
Доколку се утврди дека еден од учесниците е заразен со вирус САРС-КоВ-2, организаторот на собирот е должен да ги достави записите до територијално надлежната служба за цивилна заштита на Дирекцијата за цивилна заштита.
Контролата врз спроведувањето на одлуката и придржувањето кон препораките и упатствата ќе ја вршат екипи во кои ќе бидат вклучени еден инспектор на Дирекцијата за цивилна заштита и еден полицаец.
Исто така, не се препорачува да се поканат стари лица или хронично болни луѓе на собири на повеќе од 100 учесници.
Пред и по регистрацијата, посетителот треба да ги дезинфицира рацете. Со неговиот потпис, учесникот на собирот потврдува дека ја измерил телесната температура и дека не е повисок од 37,2 °C, дека се чувствува добро и дека нема членови на семејство во самоизолација, дека не престојувал во странство претходните 14 дена, или ако има негативна ПЦР тест не постар од 48 часа. Исто така, дека тој во изминатите 14 дена немал контакт со лице заразено со вирусот САРС-КоВ-2 и дека нема ниту еден од следниве симптоми: треска, кашлица, скратен здив, болки во грлото, течење на носот или губење на мирис.
Задолжително е да се користат маски за лице или медицински маски за сите даватели на услуги на собири, освен музичари. Персоналот треба да користи маска за лице или медицинска маска што ги покрива носот и устата. Покрај тоа, секогаш треба да имаат средства за дезинфекција за редовно да ги дезинфицираат рацете.
Постојат и други точни правила, така што храната и пијалоците треба да се сервираат исклучиво на масата пред гостинот, во посебни порции.
Има правило дури и за танчерите во клубовите – секој танчер мора да има засебен простор од 4 метри квадратни. Забрането е ракување, прегрнување и бакнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.