Србија започнува со примена на со децении најавуваниот Закон за утврдување на потекло на имот и посебни даноци. На удар се сите оние кои во рок од три години стекнале имот што е за 150.000 евра повисок од нивниот приход во исто време. На разликата ќе се пресметува данок од 75 проценти.

Министерот за финансии вели дека законот е даночен, но, пред сè, антикорупциски.

Авиони, камиони, пари, акции, куќи, компании и целиот имот со недокажано потекло, дома и во странство, се предмет на вкрстена проверка. Досега  се вклучени 20 инспектори, од најавените 60.

– Тие ги поминаа потребните обуки, ние тоа обично го правиме со ММФ во рамките на целата даночна реформа, така што од таа страна сме целосно подготвени за имплементација на тој закон во однос на човечките ресурси- изјави министерот за финансии Синиша Мали.

Без оглед дали се покажува дека имотот е стекнат легално или не, на него се пресметува данок од 75 проценти. На пример, за имот од еден милион евра, данокот е 750000 евра. Законот не ограничува колку далеку ќе одат проверките.

– Постои дефиниција во друг закон, тоа е Закон за даночна постапка и даночна администрација, кој вели дека апсолутната застареност при утврдување на даночна обврска е 10 години – рече Наташа Тодоровиќ од Здружението на даночни советници на Србија.

Доколку инспекторите се сомневаат дека постои кривична одговорност, тие ќе ги известат полицијата и обвинителството. Тогаш судот ќе може да го конфискува имотот.

Пред осум години, Даночната управа за прв пат објави дека открила повеќе од 600 лица чии средства значително ги надминуваат нивните приходи, а  се проценува дека околу 10.000 граѓани би можеле да бидат меѓу таквите сопственици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.