Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Џозеп Борел, Петер Стано изјави дека и покрај покренувањето обвинение против косовскиот претседател, Хашим Тачи, за воени злосторства и одложувањето на состанокот во Вашингтон, ЕУ очекува дека дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина ќе продолжи во јули во Брисел.

Стано на прес-конференцијата за новинари во Брисел оцени дека последните случувања околу предлогот обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи не го менуваат фокусот на ЕУ за продолжување на дијалогот Белград и Приштина кој се одвива во Брисел.

Кога станува збор за нормализација на односите Белград и Приштина, тогаш се зборува за дијалог во кој посредува ЕУ. Тој дијалог нема алтернатива. Ние имаме ветувања од двете страни дека дијалогот продолжува и очекуваме тоа да биде во јули, истакна Стано.

Нагласи дека двете страни знаат дека постои огромна потреба за продолжување на дијалогот како за благосостојба на народот и заради напредокот на патот за приближување кон ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.