Холивудскиот актер Силвестер Сталоне денеска имаше пријателска средба со бугарскиот претседател Бојко Борисов. Aктерот престојува во Бугарија каде ќе се снима продолжението на филмот Рамбо. Видео од средбата на својот профил на Фејсбук објави Борисов, а на него може да се слушне дека разговараат за нивната последна средба од пред 11 години и за тоа колку Бугарија е добра за снимање филмови. Во видеото се споменува и Македонија.

Во Бугарија е многу студено во зима“, истакна Сталоне.

На ова возврати Борисов.

А во Македонија да не е поубаво? Таму е уште постудено. А тука ги имаме Банско, Пампорово, Боровец. Светско првенство за скијање имаме, рече бугарскиот премиер

Сталоне беше пречекан во кабинетот на Борисов , двајцата облечени во фармерки и маички. Холивудскиот актер во Софија го снима продолжението на филмот ,,Рамбо”. Му се пофали на Борисов дека за сцени за кои во Холивуд се потребни два месеца, во Бугарија се снимаат за две недели. Потоа му го покажа и тејлерот од филмот „Last Blood“ на Борисив , кој си го пресними на својот мобилен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.