Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала попладнево околу 12.30 часот по локално време го погоди морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Како што објавуваат грчките медиуми, веднаш се активиран протокол за итен одговор и ангажирани се сили на цивилната заштита за де се справат со последиците од земјотресот. Зголемено е и нивото на подготвеност за реакција на противпожарните служби.

Полициски сили вршат патроли на земја и од воздух за контрола на поширока област во југоисточен Крит, а Крајбрежната стража бнимава на можна појава на цунами.

Првично нема извештаи за повредени.

Како последица од земјотресот срушена е црквата Свети Никола во Ситиа, каде што има пријавено и други оштетени објекти.

Земјотресот бил почувствуван ширум Крит, но и на други острови во Егејското Море, а жителите на Хераклион од страв излегле на улиците. На Закрос, пак, земјотресот предизвикал лизгање на земјиштето.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.