Надлежните служби го срушија угостителскиот објект „Панорама“ во Порто Палермо, кај Химара во јужниот дел на Албанија, каде пред неколку дена сопственикот нападна туристи кои му се пожалиле на храната.
Михаил Кокедим се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.
– Туристите во комбето, со кое управувал Албанец, се преплашени. Освен петмината Шпанци, во него се наоѓаа уште двајца Албанци, кои не можеа да ја разберат будалштината на газдата, наведува албанската телевизија „Репорт“, која прва го објави ексклузивното видео од настанот.
Кокедим бил уапсен, а по проширената истрага се утврдило дека ресторанот немал дозвола за работа и дека не е плаќан данок последните три години, по што објектот е срамнат со земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.