Шансите момчето да биде ослободено се нула, рекле извори од српската влада за Информер по гласините дека Коста Кецмановиќ(13) кој го изврши масакрот во училиште во Врачар во Белград има изгледи да излезе од белградската Клиника за неврологија и психијатрија за деца и млади. Јавноста во Србија е загрижена поради предложените измени на Законот за заштита на лицата со ментална попреченост, а српската влада порача:

Шансите момчето да биде ослободено се нула. Досега немавме ваков случај во Србија и моравме да се справиме законски, но измените на Законот за заштита на лицата со ментална попреченост повеќе се однесуваат на формирање на институции за сместување на такви лица, а не за нивно ослободување, велат од српската влада.

Оттаму подвлекуваат дека е крајно опасно да се шири паника во јавноста со погрешно толкување на измените во законот.

Предложената измена на Законот за заштита на лицата со ментална попреченост предвидува децата на возраст до 14 години кои вршат кривични дела, а кои во спротивно не можат кривично да одговараат со закон, во иднина да бидат сместени во посебни одделенија на психијатриски установи со обезбедување, и таму можат да бидат сместени без согласност на родителите или старателите, со кои може да им се забрани и секаков контакт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.