Брнабиќ се осврна и на корона орото кое повторно се случи синоќа пред споменикот на Стефан Немања во Белгад.
– Што се однесува до орото кај споменикот на Стефан Немања – покажавме дека никогаш нема да апсиме луѓе и да ги приведуваме за непријавени собири ако се мирни. Имавме не пријавени собири во минатото што траеја со месеци. Не можам да го користам своојот субјективен поглед за собирот – и ова беше не пријавен митинг, жал ми е што се одржа, но беше мирен. Можеме да апелираме тоа да не се случува, кажа српската премиерка.
Што се однесува до антиваксерите, пак, според неда, тие ја загрозуваат националната безбедност.
– Антиваксерите на социјалните мрежи ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника, лажни вести и затоа ги уапсивме. Мислам дека тоа беше исклучително важна порака. Државата не може да апси луѓе кои размислуваат поинаку, а мирно се собираат на улиците, изјави Брнабиќ.
Како што кажа таа, од петте антиваксери што се приведени, едно лице било вакцинирано, а истовремено ширело лажни вести против вакцинацијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.