Српските туристи се решени на секаков начин да стигнат до грчките плажи. Откако денеска за нив остана затворен граничниот премин „Евзони“, тие се враќаат назад.

Но, не си одат дома, туку наоѓаат алтернативен начин да влезат во Грција.

Дел од нив се враќаат во Србија и преку Ниш се упатуваат кон границата со Бугарија надевајќи се дека на таков начин ќе заминат до омиленото летувалиште. Фотографиите од денеска говорат за големи редици од автомобили на граничниот премин од српски и други туристи за влез во Бугарија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.