Српската војска нема да дозволи никакви обиди за државен удар и предупреди дека секој кој ова го најавува и го бара треба да одговара според законот, соопштено е денеска по заедничката седница на колегиумот на министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на српската Армија, Милан Мојсиловиќ.

Српската војска им порачува на сите, и во земјата и во странство, дека не е и нема да биде средство за соборување на легалните и легитимните власти во Република Србија и насилното уривање на уставниот поредок – се наведува во соопштението.

Како што се истакнува, безбедносните предизвици предизвикани од воведувањето такси и формирањето на паравоени единици во Косово, наметнуваат српските вооружени сили со внимание да го следат секој настан кој може да предизвика немир меѓу косовските Срби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.