Ризични групи не се децата, но тие можат да го пренесат вирусот кај постарите. Ризична група се постарите од 70 години, и според последните информации, смртноста не е толку голема колку што претходно се зборуваше. Најмногу тестираа Кореанците и утврдија смртност од 0,9 отсто – изјави српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ.

Тој рече дека бабите и дедовците не траба да ги чуваат децата ако имаат настинка,бидејќи постарите од 70 години се најзагрозени од коронавирусот. Претходно докторот изјави дека многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус, само го пренесуваат.

Многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус, само го пренесуваат. Тоа е потполно очекувано, ние за тој вирус знаеме дека е ист како грипот и дека може да биде опасен за постарите луѓе со хронични заболувања. Во Италија просечната старост на заболените е 81 година и приближно сите имаат хронична болест, на пример рак, изјави српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.