Членот на Кризниот штаб за борба против корона вирусот во Србија, Бранислав Тиодоровиќ, предупредува дека Ковид болниците во Србија се преполни со пациенти и дека не е време за олеснување на мерките во земјата.
Тиодоровиќ за „Политика“ додава дека ништо не може да се промени се додека ситуацијата не почне да се смирува.
Тој вели дека има многу повеќе заразени отколку што се регистрирани и дека некои, претежно млади луѓе со поблага клиничка слика, не се јавуваат за тестирање, затоа што не сакаат да бидат во самоизолација.
Тиодоровиќ оценува и дека е неопходна добра кампања со цел вакцинацијата да опфати поголем процент од популацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.