Српскиот вирологот и микробиолог на Ветеринарниот институт во Кралево, Миланко Шеклер, вели дека вакцинираните против корона вирусот може да ја шират заразата.

Сепак, Шеклер додава дека тоа е случај со секоја вакцина.

Вакцинираните лица можат да го шират вирусот, но тоа не е специфичноста на оваа вакцина – се однесува на сите вакцини. Сите сме вакцинирани против туберкулоза, но амбуланти се полни – изјави Шеклер за „ТВ Прва“.

Д-р Шеклер посочува дека ниту една вакцина не штити 100 проценти од зараза, но дека вакцинираните лица имаат помали шанси да се заразат. Сепак, како што вели тој, кога тоа ќе се случи, инфекцијата е лесна.

На прашањето дали може да се вакцинираат лица алергични на пеницилин, д-р Шеклер одговора дека треба, додавајќи дека кај вакцините против корона вирус регистрирани во Србија, алергијата на пеницилин не е контраиндикација.

На вакцините е напишано дека е можна контраиндикација кај луѓе кои имале алергии на вакцината или на некоја состојка од неа, но не и на пеницилин – потенцира тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.