Иван Андриќ, поранешниот функционер на Либерално-демократската партија во Србија, на Твитер го сподели своето искуство за единаесетдневниот престој во ковид-болницата во Белградската арена. Според него неговото заминување во Арена било одлична одлука!

Откако ги добил првите симптоми од лекарот на Инфективната клиника добил препорака да оди во ковид-центарот Белградска арена, а ако не сака, да потпише изјава дека на своја одговорност останува дома без медицински надзор.

Во текот на првите пет-шест дена немал промени, немал температура, сатурацијата му била 97-98-99, немал други симптоми. И додека очекувал да биде пуштен дома, втората рентгенска снимка покажала почетна пневмонија. Добива дополнителна терапија, која траела до вчера.

– Воспалението се повлече, добро сум и еве ме сега дома. Да не бев таму, не знам што ќе се случеше, но пневмонија веројатно ќе се развиваше и ќе се вратев како многу потежок пациент, со веројатно многу полоши последици – вели Андриќ.

Тој смета дека да се биде под медицински надзор е најдобрата можна одлука што може да ја донесе заболен од ковид-19, бидејќи станува збор за подмолна болест.

По поминатото време во Белградска арена вели лекарите и сестрите буквално се херои, интервенираат во кризни ситуации, какви што има постојано.

– Ако нешто не е во ред, тие ве посетуваат почесто и ја менуваат терапијата во движење. Тие ве следат и тоа прави да се чувствувате побезбедно – раскажува Андриќ.

Пациентите се од сите возрасти и се претежно постари, во потешка клиничка ситуација, вели тој и додава:

– Она што е одлично е што постои солидарност меѓу луѓето. Мојот впечаток е дека секој помагаше на кого требаше. Од носење храна, вода, повикување медицински сестри, лекари и слично. Секако, на почетокот, сите се исплашени кога ќе дојдат, затоа што не знаат што да очекуваат, но медицинските сестри, лекарите и другите пациенти им помагаат да се подобрат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.