Српскиот министер за државна администрација и локална самоуправа Бранко Ружиќ потврди дека е позитивен на коронавирусот и поради тоа е во самоизолација.

Тој за Танјуг изјавил дека е дома и се чувствува добро.

За сега сум добро. Нема температура, нема кашлица, моите бели дробови за сега се добри, како и мојата крвна слика, рече Ружиќ и додаде дека зема терапија и оти ќе биде во самоизолација наредните 14 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.